Настани

Петта регионална работилница - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии

Петта регионална работилница - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии

Тимот на Aналитика присуствуваше на петтата регионална работилница во рамки на Проектот - Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии, која се одржа од 16-20 април 2018 година, во Скопје.

Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа - во чиј интерес?

Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа - во чиј интерес?

На 17.04.2018 година се одржа првата регионална конференција во рамки на Проектот Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирање на јавните финансии. На конференцијата се презентираше студијата за инфраструктурните проекти во земјите од регионот од областа на транспорт и енергетика, во која се анализира степенот на вклученост на граѓаните во процесот на донесување на одлуки за финансирање и отпочнување на инфраструктурни проекти. Регионалната анализа покажа дека инфраструктурните проекти во Југоисточна Европа често се карактеризираат со недостаток на транспарентност и ризик од корупција.

Јавно приватно партнерство: проблеми и можности, Република Македонија

Јавно приватно партнерство: проблеми и можности, Република Македонија

Аналитика денес ги презентираше наодите од документот: Јавно приватно партнерство: проблеми и можности, Република Македонија, изработена во рамки на на проектот од CIVIKA Mobilitas ‘‘Јавни финансии - со посебен фокус на Јавно Приватно Партнерство‘‘.

Промоција на извештај за политика: Работа кон градење отпорни заедници

Промоција на извештај за политика: Работа кон градење отпорни заедници

8 февруари 2017, Буши Ресорт и Спа – Скопје, Стара чаршија

10:00 – 12:30

Изјава за медиуми

Аналитика Тинк Тенк денеска организира промоција на следната публикација со назив “Работа кон градење отпорни заедници„, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Овој извештај се фокусира на специфичните фактори и двигателите на насилниот екстремизам во Македонија со цел да се разгледаат корените на ова прашање преку испитување на динамиката на неговиот развој и манифестација, со надеж дека ќе придонесе кон градење на поотпорни заедници.