Настани

Previous Next

Развој на култура на мир и ненасилство како основна вредност во образовниот систем во Република Северна Македонија

Во периодот од 01-03 октомври, Аналитика ја организираше првата работилница во рамките на проектот „Развој на култура на мир и превенција од насилство како основна вредност во образовниот систем на РС Македонија“ поддржан од Embassy of Canada to Serbia, North Macedonia and Montenegro. Професори од три (3) стручни средни училишта (Сггу Здравко Цветковски, СУГС„Шаип Јусуф“ ZLM - gjimnazi ZEF LUSH MARKU учествуваа на работилницата ‚‚Улогата на училиштата во справувањето и спречувањето на насилство во средните училишта". Обучувачи на обуката беа: Maja Hristovska, Весна Трајкоска Штериев и Емилија Петрушевска. Целта на оваа прва работилница беше да се запознаат професорите со методите и техниките за превенција од насилство и стекнување на специфични вештини за креирање на доверба меѓу наставниците и учениците во насока на решавање на конфликти . Оваа активност беше подготвителна активност за следната работилница за млади едукатори (ученици) што ќе се одржи на крајот на октомври 2021 година.

 

Работилница ‚‚Улогата на училиштата во справување и спречување на насилство во средните училишта"

Работилница ‚‚Улогата на училиштата во справување и спречување на насилство во средните училишта"

Во периодот од 01-03 октомври, Аналитика тинк тенк, ја организираше првата работилница во рамките на проектот „Развој на култура на мир и ненеасилство како основна вредност во образовниот систем на РС Македонија“ поддржан од Embassy of Canada to Serbia, North Macedonia and Montenegro.

Даночна правда во Југоисточна Европа - Како да се намалат нееднаквостите?

Даночна правда во Југоисточна Европа - Како да се намалат нееднаквостите?

Партнерите на мрежата Balkan Monitoring Public Finance одржаа дискусија и ја претставија студијата ‘‘Даночна правда во Југоисточна Европа - Како да се намалат нееднаквостите?‘‘ во Европскиот парламент со домаќин на настанот - словенечка европратеничка Тања Фајон.

Економија на долг и еколошки долг во Југоисточна Европа

Економија на долг и еколошки долг во Југоисточна Европа

Денес, организациите од Balkan Monitoring Public Finance мрежата, на конференцијата ‘‘Економија на долг и еколошки долг во Југоисточна Европа ", ги презентираа истражувањата и анализите изработени од 7те земји на BMPF мрежата кои се однесуваат на поврзаноста на меѓусекторката криза на јавниот долг, инфраструктура и животната средина во регионот, на конференцијата "Долг економија и еколошки долг во Југоисточна Европа ".