МЛАДИ И ОБРАЗОВАНИЕ

PPAA_header

 
Програмата „Млади и образование“ ја развиваме со цел да ги зајакнеме младите како двигатели на позитивни општествени промени преку образование, истражување и активно граѓанско учество. Со долгогодишно искуство во работа со средни и основни училишта, универзитети и Министерството за образование и наука, Аналитика преку оваа програма го унапредува образовниот процес во насока на промовирање на вредности како интегритет, родова еднаквост, мултикултурализам и дигитална безбедност.
Нашите активности опфаќаат развој на едукативни програми,прирачници,  истражувања и кампањи кои ги поврзуваат младите, наставниците и институциите во заедничка мисија за поквалитетно, инклузивно и современо образование. Работиме на теми како:
  • Јакнење на родова еднаквост и недискриминација во училиштата;

  • Мултикултурно образование и толеранција меѓу младите од различни заедници;

  • Сајбер безбедност и дигитална писменост;

  • Младите како двигатели на антикорупциски вредности;

  • Поддршка на наставниците и локалните заедници за создавање позитивна училишна средина.

Со оваа програма Аналитика ја продолжува својата мисија – преку знаење, истражување и дијалог – да создава генерации млади луѓе кои мислат критички, делуваат одговорно и градат праведно и отпорно општество.