Проекти

Проект „EU Youth Caravan“

 

Аналитика го имплементира проектот „EU Youth Caravan“ , кој ќе се реализира во партнерство помеѓу Иницијатива за граѓански интеграции (ИГИ) Гостивар , како главен партнер и Организација на жени од Струмица.

Проектот е насочен кон зајакнување на младинскиот ангажман во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, преку директна работа со млади во сите 8 плански региони во државата. Преку дебати, симулации, интерактивни средби и креативни формати, младите ќе добијат можност поактивно да се вклучат, да се информираат и да придонесат во процесите што ја обликуваат европската иднина на земјата.

„EU Youth Caravan“ има за цел да ги приближи европските теми до младите на разбирлив, пристапен и практичен начин, со посебен фокус на нивното активно учество, размена на мислења и поттикнување на критичко размислување. 

Проектот е дел од пошироката иницијатива „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“, имплементирана од UNOPS во соработка со Министерството за европски прашања, со поддршка од Шведска и Швајцарија.

 

Проект “Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II)

 

Аналитика го имплементира проектот „EU Youth Caravan“ , кој ќе се реализира во партнерство помеѓу Иницијатива за граѓански интеграции (ИГИ) Гостивар , како главен партнер и Организација на жени од Струмица.

Проектот е насочен кон зајакнување на младинскиот ангажман во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, преку директна работа со млади во сите 8 плански региони во државата. Преку дебати, симулации, интерактивни средби и креативни формати, младите ќе добијат можност поактивно да се вклучат, да се информираат и да придонесат во процесите што ја обликуваат европската иднина на земјата.

„EU Youth Caravan“ има за цел да ги приближи европските теми до младите на разбирлив, пристапен и практичен начин, со посебен фокус на нивното активно учество, размена на мислења и поттикнување на критичко размислување. 

Проектот е дел од пошироката иницијатива „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“, имплементирана од UNOPS во соработка со Министерството за европски прашања, со поддршка од Шведска и Швајцарија.

 

Проект “Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II)

Analytica започнува со имплементација на проектот “Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II)”, кој има за цел да го зајакне младинското учество во борбата против корупцијата и да придонесе кон развој на одржливи модели за антикорупциско образование во РС Македонија.

Проектот ќе се реализира на национално ниво, опфаќајќи ги сите осум плански региони, преку директна работа со млади, наставници и релевантни институции. Имплементацијата се спроведува во партнерство со Иницијатива за граѓански интеграции (ИГИ) Гостивар и Организација на жени од Струмица.

Проектот предвидува развој и имплементација на антикорупциски образовни програми во училиштата, воспоставување на младинска антикорупциска мрежа, како и активности за подигнување на јавната свест и поттикнување на активен младински ангажман.

Посебен фокус ќе биде ставен на институционализација на антикорупциското образование, преку соработка со Министерството за образование и наука и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Проектот е поддржан од zivik Funding Programme (ifa – Institut für Auslandsbeziehungen), со средства обезбедени од Германското Федерално Министерство за надворешни работи.

Младински активизам за одржлива река: Заштита и промоција на биодиверзитетот во реката Треска

Аналитика започнува со спроведување на нов научен проект за заштита на биодиверзитетот во реката Треска.
 
Главната цел на проектот е заштита на водата и биодиверзитетот на реката Треска, додека се оспособуваат младите и граѓаните преку граѓанска наука.
 
Клучни резултати:
Документирани закани и влијанија: Идентификување и документирање на заканите од антропогени, еколошки и инфраструктурни извори.
Програма за мониторинг и заштита: Развивање на програма за мониторинг и заштита на реката, која ќе биде прифатена од локалната заедница и властите.
Обука на млади и ГО: Обука на 15 млади луѓе и 5 претставници од локални ГО за примена на граѓанска наука за зачувување на биодиверзитетот на реката.
Развој на тематска кејска зона: Создавање на информативен и едукативен простор покрај реката Треска.
 
Обука за теренски техники: Обука на 30 млади луѓе за собирање податоци од терен, анализа на примероци и мерење на параметри на водата и животната средина.
Зголемување на рибниот фонд: Зголемување на популацијата на речната пастрмка (Salmo macedonicus) во реката Треска.
Јавна свест: Информирање и вклучување на локалната заедница за значењето на заштитата на екосистемот на реката.
 
Зошто ова е важно: С. Македонија се соочува со еколошка криза, со сериозно загадување на воздухот, слабо управување со отпадот, опаѓање на квалитетот на водата, сеча на шуми и загрозен биодиверзитет. Овој проект има за цел да направи значително влијание во зачувувањето на нашите природни ресурси, со посебен фокус на реката Треска и прекрасниот кањон Матка.
Преку развивање на мониторинг програми, обука на млади и ГО, подобрување на кејската зона, зголемување на рибниот фонд и зголемување на јавната свест, целиме да ја подобриме состојбата на реката Треска и да промовираме одржлив развој и заштита на природата.
 
Придружете ни се во оваа важна иницијатива за заштита на нашите природни богатства и осигурување на одржлива иднина за реката Треска! 🌍💧✨
 

Mладите во Македонија: Клучна алка во изградбата на општество без корупција

Аналитика започнува  започнува со активностите во рамки на проектот „Младите во РС Македонија: Клучна алка во изградбата на општество без корупција“, поддржан од ZIVIK Funding Programme преку средства обезбедени од Германското Сојузно Министерство за надворешни работи.

Преку истражувања, работилници, дебати и младински иницијативи, ќе ја засилиме улогата на младите во борбата против корупцијата и ќе работиме на градење на поодговорно, транспарентно и праведно општество.

Овој проект има за цел да ги слушне гласовите на младите, да ги поттикне нивните капацитети и да им понуди платформа за активно учество и промени.

Проектен координатор: Тамара М. Спасова
Проектен менаџер: Бојана М. Христовска
Проектен експерт: Маја Христовска
 

Младите и корупцијата (Ставови, искуства и предлози за промена)

Младинска акција за чесно општество

Младинска акција за чесно општество 

Поддржано од Амбасадата на Канада за Србија, Северна Македонија и Црна Гора

Проектот „Следната генерација против корупцијата: Младински одговор“ има за цел да ја зголеми вклученоста на младите и граѓанското општество во борбата против корупцијата преку иновативни пристапи и дигитални алатки кои ја подобруваат ефикасноста на антикорупциските напори.

Во Северна Македонија, младите често се соочуваат со корупција во секојдневниот живот – од образованието до вработувањето – но немаат доволно знаење и алатки за да ја препознаат и спротивстават. Локалните граѓански организации, исто така, имаат ограничени капацитети за поддршка на младите во оваа улога.

Преку овој проект, Аналитика тинк тенк ќе:

  1. Ги запознае младите со механизмите за откривање и спречување на корупција и со улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

  2. Ги зајакне капацитетите на локалните организации за спроведување младински антикорупциски програми.

  3. Ги поттикне младите да развијат одговорни, морални и креативни пристапи во борбата против корупцијата преку неконвенционални акции.

Главни активности: анкета и интервјуа со 300 млади за перцепциите кон корупцијата, подготовка на политички документ, тридневна обука на 20 млади антикорупциски агенти, младински форуми и јавни дебати во три општини (Скопје, Струмица и Гостивар), кампања на социјални медиуми „Младите не се алка во синџирот на корупцијата!“, герила акции и завршна конференција.

Очекувани резултати: зголемено знаење и вклученост на младите во борбата против корупцијата, објавени наоди и препораки, развиена едукативна мобилна апликација за пријавување корупција и зајакнати капацитети на граѓанските организации за понатамошно делување.

Проектен менаџер: Бојана М. Христовска
Проектен координатор: Тамара М. Спасова
Проектен експерт: Маја Христовска

 

КОРУПЦИЈАТА НИЗ ПЕРСПЕКТИВА НА МЛАДИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Енергетска сиромаштија на агендата

Енергетска сиромаштија на агендата

Аналитика во наредните 6 месеци ќе работи на проект "Енергетска сиромаштија на агендата".

Предложената активност ќе ја потенцира итната важност на ставање на енергетската сиромаштија на агендата и за таа цел во директна соработка со енергетски сиромашни лица ќе се изработи конкретна алатка (тулкит) за донесувачите на одлуки со конкретни препораки за намалување на енергетската сиромаштија во Северна Македонија. Со тоа се зајакнува улогата на Аналитика не само во процесот на декарбонизација, туку и во креирање на социјална праведна транзиција. Проектот има за цел да го зајакне граѓанското општество за учество при носењето одлуки од областа енергетската сиромаштија.

Со поддршка на нашиот соработник на програмата, др. Ана Стојиловска, која во меѓувреме изработи докторат на тема на енергетска сиромаштија во Северна Македонија, Аналитика ќе ја искористи оваа прилика да продолжи со придонесот кон имплементација на европските политики за енергетика во согласност со Зелениот договор.

Активностите се подржани во рамките на Проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ кој го реализираат Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко Свест, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници - МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе - ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.