„Мерки за градење на доверба помеѓу РС Македонија, Грција и Бугарија“

„Мерки за градење на доверба помеѓу РС Македонија, Грција и Бугарија“

Фокусот на овој проект е да се процени како политичката и економската динамика може да помогнат да се одблокираат билатералните односи меѓу Северна Македонија и соседните земји, имено, Грција и Бугарија. Во овој контекст, билатералните договори, Преспанскиот Договор и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, се сметаат за градежни блокови за одржливи меѓусоседски односи.

Проектот ќе се базира на нашите претходни (4 годишни) истражувачки извештаи за поттикнување мерки за градење доверба и предлагање функционална рамка за соработка меѓу Грција и Северна Македонија. Овие проекти беа успешни и предложениот овогодишен проект има намера да го прошири опсегот и успехот и во триаголникот Северна Македонија, Грција и Бугарија. Општата цел на проектот е да се идентификуваат позитивните лекции во градењето функционални односи, вклучувајќи ги потенцијалните пречки и предизвици во одржувањето на добрососедските односи. 

Главна цел на проектот:

Целта на проектот е да ги подобри соседските односи и да ја зголеми поврзаностa меѓу земјите Бугарија, Грција и Северна Македонија, притоа гледајќи ги можностите за развој на трилатерална соработка меѓу трите земји, врз основа на наследството од подобрените односи меѓу Северна Македонија и Грција по решавањето на спорот за името.

Активностите предвидени со овој предлог ќе вклучуваат:

  • анализа на внатрешните и надворешните влијанија врз односите со компаративни аспекти и на ниво на актери и надвор од билатералните прашања како што се регионалните или глобалните случувања.
  • разбирање на неформалните актери за моќта на поврзување во унапредувањето на односите и како тие политики работеле кон постигнување на крајната цел на добрососедските односи
  • работа заедно со клучните засегнати страни во идентификацијата на потенцијалните предизвици кои претстојат за одржување или подобрување на моменталната состојба на работите
  • aнализа на предвидување за тоа како процесот на пристапување во ЕУ со новоусвоената методологија ќе игра улога во билатералните односи за Северна Македонија
  • длабинска анализа со експерти за понатамошно разбирање на прашањата што ги загрижуваат граѓаните на Северна Македонија за билатералните односи со Грција и Бугарија
  • организирање тркалезна маса во Скопје за презентирање на наодите од истражувањето и презентација на препораки за политики
  • комуникација и дисеминација на наодите до пошироката публика преку авторски текстови, социјални медиуми и други медиуми.