Целта на проектот за зајакнување на родовата еднаквост во стручните средни училишта за млади девојки и момчиња при избор на идна професија преку образование е да се подобри поддршката на локалната заедница за родовата еднаквост преку образование и преку генерирање на знаење, дифузирање на искуства и обезбедување можности за учење како промоција на родовата еднаквост може да се случи преку дијалог и развој на капацитети во развојната соработка во секторот за образование.
Во септември 2017 година, со поддршка на CIVICA MOBILITAS, Аналитика тинк тенк започна со работа на проектот за транспарентност и отчетност на јавните финансии, но со посебен акцент на јавно приватно партнерство (ЈПП). Главната тема на истражувањето на проектот е законската рамка за ЈПП, договорите за ЈПП, процесот на имплементација и следење на ЈПП, како и предизвиците со кои се соочуваат институциите и компаниите во процесот на имплементација на ЈПП.
Во наредните пет години Аналитика заедно со Development Solutions Associates (Албанија), Универзитетот Бања Лука (Босна и Херцеговина), Факултет за Економија-Сплит (Хрватска), Centre for Political Courage (Косово), Институт за социо-економски анализи (Црна Гора) и координаторот Институ за економски науки (Србија), ќе работат на проект финансиран од Блумберг (САД) и имплементиран преку Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC).
Во декември 2016 Аналитика тинк тенк заедно со ЕЛИАМЕП (Грција) започнаа со работа на едногодишен истражувачки проект кој има за цел испитување на различните форми на соработка кои постојат помеѓу Македонија и Грција во делот на прекуграничната соработка и во областа на образование и академски размени.
Аналитика со задоволство го најавува својот нов проект насловен “Работење на зголемување на отпорноста на заедниците”. Овој проект ќе трае 12 месеци, и ќе се состои од два дела.
Аналитика периодов ќе работи на проектот Состојбата во секторите транспорт и енергетика во Република Македонија, како до забрзување на реформските процеси кој што е добиен од проектот ИПА 2 Механизам за граѓанските организации e спроведуван од МЦЕО, Еко-свест, Реактор и Зенит, инаку финансиран од Европската унија.
Целта на проектот е да овозможи подобрување на состојбата со реформските процеси во секторите транспорт и енергетика; поголемо вклучување на граѓанскиот сектор при развојот на секторските политики на горенаведените теми; изработка на експертски извештај кој ќе ги идентификува главните проблеми кои постојат во овие два сектора со што од тоа ќе произлезат иновативни решенија за забрзување на исполнување на реформите на патот кон ЕУ;подобрување на јавните дебати за политиките што ќе води кон зголемување на бројот и квалитетот на учесници во дебатата за така важни прашања како енергија и транспорт.
Анализата се однесува на два сектора: транспорт и енергетика, т.е. надлежните институции од овие сектори како Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за енергетика, Регулаторната комисија за енергетика итн.
Резултатите од истражувањето ќе бидат корисни и за донаторите кои им помагаат на македонските институции во рефомирањето на овие два сектора како и за за граѓанските организации кои работат на теми поврзани со енергетиката и транспортните политики, медиумите итн.
Второстепената целна група се граѓаните кои ќе се информираат каква е состојбата со овие два сектора и што треба да се направи за да се подобри работењето.
| 2017 | Април |
![]() |
| Соња Ристеска за медиумите по повод анализата за реформите во секторите транспорт и енергетика во Македонија |
Проектен менаџер: Соња Ристеска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Во рамките на наредната двогодишна програма за законодавно застапување раководена од Националниот демократски институт (https://www.ndi.org/macedonia), Аналитика беше избрана со предлог законот т.е.со иницијативата за измени на Законот за енергетика со цел овозможување на физичките лица без оснивање на компанија да можат да бидат овластени произведувачи и продавачи на електрична енергија од обновливи извори.
Една од мерките за стимулирање на развојот на користење на обновливите извори на енергија помеѓу граѓаните e токму можноста физички лица без формирање на фирма да можат да произведуваат електрична енергија од обновливи извори и истата директно да ја продаваат во системот. Засега ваква можност не постои со што напредокот иако го има во секторот ОИЕ е бавен и недоволен. Како поттик за развој и поттикнување на користење на обновливите извори на енергија, една можност да се активираат домаќинствата е да им се овозможи доколку постават на пример соларни панели, електричната енергија освен што ќе можат да ја користат за сопствени потреби (како што беше и до сега) да можат и да ја продаваат по претходно склучен договор за операторот т.е. дистрибутерот ЕВН.
Иако до сега имало иницијативи од различни општествени чинители, институции и слично оваа мерка не доби реализација во законско решение. Иако се очекуваат препреки и проблеми од типот на немање капацитет мрежата да ја прими таа струја, итн, сепак, тие прашања можат да се образложат и одговорат во новото законско решение со што само ќе се даде можност да домаќинствата продаваат електрична енергија и со тоа ќе се поттикне дополнителен развој на пазарот на ОИЕ.
Ваквото искористување на ОИЕ може да поттикне зајакнување на домаќинствата како потрошувачи со тоа што ќе им се овозможи активно учество како и профит од учеството во пазарот на електрична енергија. Исто така ќе поттикнат попаметни потрошувачки навики. Освен продажбата, со конзумирањето на енергијата кои сами ја произведуваат, може да се намалат трошоците на енергетскиот систем, бидејќи на пример користењето на фотоволтаици во сончеви земји како Македонија може да помогне да се намали врвот на побарувачката во мрежата кога на пример се уклучуваат клима уредите во топли денови. Понатаму со локално производство и потрошувачка на електрична енергија, можат да се намалат загубите во системот, и исто така да се обезбеди финансирање nа енергетската транзиција од фосилни горива кон обновливи.
Идејата е да се направи анализа на легислативата во Македонија и преку компративна анализа со земја каде што успешно се спроведува ваква мерка да се изготви законско решение за да конечно физичките лица добијат дозовола да продаваат електрична енергија од обновливи, со што оваа мерка ќе биде од корист на домаќинствата, компаниите како и на самата држава.
Одговорно лице за оваа иницијатива е Соња Ристеска, истражувачкиот и менаџмент координатор на Аналитика, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Еко-свест и проектните партнери Реактор - Истражување во акција, Аналитика, Центарот за климатски промени, Македонскиот Зелен Центар и ОРТ се здружија за да заеднички работат на проблемот со загадувањето на воздухот во Македонија, кое достигна алармантни нивоа во последните неколку години. Целта на 12 месечниот проект е да се залага за чист воздух, преку подобрување на комуникацијата помеѓу релевантните тела кои се занимаваат со проблемот со загадувањето на воздухот, и преку соработката со македонското Собрание и со медиумите за да се овозможи имплементирање на најдобрите практики од САД и ЕУ за намалување на загадувањето на воздухот во Македонија. Главни идентификувани чинители кои ќе имаат корист од проектот се Собранието, релевантните институции кои се занимаваат со загадувањето на воздухот и медиумите, како и сите граѓани на Македонија. Како финален производ од проектот ќе изготвиме Акционен план за брзи одговори за решавање на високите нивоа на аерозагадување.
Целта на предложениот проект е да се осигура и гарантира пристап до чист воздух и чиста животна средина на сите граѓани.
Целите на проектот се:
- Подобрување на соработката помеѓу институциите одговорни за секторите кои најмногу придонесуваат за загадување на воздухот;
- Предлагање на план за акција за управување со загадувањето на воздухот во Скопје;
- Соработка со Собранието на РМ за да се иницира јавна дебата за загаденоста на воздухот;
- Соработка со медиумите за да се овозможи тие да преземат активна улога во решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот;
- Мобилизирање на граѓаните за да го искажат своето мислење за загадувањето на воздухот пред надлежните органи и тоа на структуриран начин;
- Спроведување на добрите практики од ЕУ и САД за намалување на загадувањето на воздухот во Македонија.
| ПРЕДЛОГ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ВО МАКЕДОНИЈА |
За повеќе информации за учеството на Аналитика во овој проект, ве молиме контактирајте ја Соња Ристеска, истражувчки и менаџмент координатор на Аналитика Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..









