Проект „Развој на култура на мир и ненасилство како основна вредност во образовниот систем во Република Северна Македонија“

Проект „Развој на култура на мир и ненасилство како основна вредност во образовниот систем во Република Северна Македонија“

Главната цел на проектот е да се развие култура на мир и ненасилство како основна вредност во образовниот систем во Република Северна Македонија. Специфични цели на овој проект се (1) спречување на конфликти со прифаќање на разликите помеѓу учениците по различни основи и градење култура на мир меѓу младите луѓе, (2) воспоставување пријателски односи помеѓу учениците од различна етничка, верска, родова и социјална припадност, и (3) сензибилизирање на младите девојки да ги препознаат облиците на насилство извршени врз нив во училиштата, како и надвор од училишната средина, затоа ги охрабруваат да се пријават и да дејствуваат на безбеден начин.

Долгорочен очекуван резултат: 3 училишта за стручно образование обучени и имаат искуство во развивање култура на мир и ненасилство, 15 професори ќе имаат успешна обука со цел да се изгради доверба, соработка и тимска работа во воспоставување култура на мир и спречување на насилство во нивната заедница, 20 ученици (мнозинство млади девојки) учествуваат во изготвување правилник за однесување за нивните врсници со членови на неформални клубови кои ќе се обучуваат едни со други во однос на развојот на културата на мирот и спречувањето на идното насилство врз нивните врсници, 1 кампања што ќе има поширок опсег во земјата преку социјалните медиуми и маркетинг агенција која ќе изгради мотивациска и видлива порака за сите млади луѓе во однос на развивање на културата на мирот и спречување на насилство. Промена на перцепциите, ставовите и однесувањата кон културата на мирот и ставање крај на насилството, поттикнување на млади мажи/момчиња да го оспорат насилството и родовите норми кои промовираат или зајакнуваат одредени дејствија на насилство, и активно да ги вклучат во борбата за ставање крај на насилството и создавање позитивно средина за млади девојки. Градење транспарентна и посилна соработка и комуникација за родовите улоги и насилство, култура на мир меѓу младите луѓе во училишната средина и заедницата, обука на професионалци/наставници за поддршка на младите луѓе во училишната средина.


Работилница ‚‚Улогата на училиштата во справување и спречување на насилство во средните училишта"

Проектот е финансиран од Канадскиот фонд за локални иницијативи, Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.


Нашите истражувачи Тамара М. Спасова и Бојана М. Христовска во наредниот период ќе работат на имплементација на активностите на проектот.