Проект “Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II)

Analytica започнува со имплементација на проектот “Youth for Integrity: Expanding Anti-Corruption Youth Action in North Macedonia (Phase II)”, кој има за цел да го зајакне младинското учество во борбата против корупцијата и да придонесе кон развој на одржливи модели за антикорупциско образование во РС Македонија.

Проектот ќе се реализира на национално ниво, опфаќајќи ги сите осум плански региони, преку директна работа со млади, наставници и релевантни институции. Имплементацијата се спроведува во партнерство со Иницијатива за граѓански интеграции (ИГИ) Гостивар и Организација на жени од Струмица.

Проектот предвидува развој и имплементација на антикорупциски образовни програми во училиштата, воспоставување на младинска антикорупциска мрежа, како и активности за подигнување на јавната свест и поттикнување на активен младински ангажман.

Посебен фокус ќе биде ставен на институционализација на антикорупциското образование, преку соработка со Министерството за образование и наука и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Проектот е поддржан од zivik Funding Programme (ifa – Institut für Auslandsbeziehungen), со средства обезбедени од Германското Федерално Министерство за надворешни работи.