Младинска акција за чесно општество
Младинска акција за чесно општество
Поддржано од Амбасадата на Канада за Србија, Северна Македонија и Црна Гора
Проектот „Следната генерација против корупцијата: Младински одговор“ има за цел да ја зголеми вклученоста на младите и граѓанското општество во борбата против корупцијата преку иновативни пристапи и дигитални алатки кои ја подобруваат ефикасноста на антикорупциските напори.
Во Северна Македонија, младите често се соочуваат со корупција во секојдневниот живот – од образованието до вработувањето – но немаат доволно знаење и алатки за да ја препознаат и спротивстават. Локалните граѓански организации, исто така, имаат ограничени капацитети за поддршка на младите во оваа улога.
Преку овој проект, Аналитика тинк тенк ќе:
-
Ги запознае младите со механизмите за откривање и спречување на корупција и со улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
-
Ги зајакне капацитетите на локалните организации за спроведување младински антикорупциски програми.
-
Ги поттикне младите да развијат одговорни, морални и креативни пристапи во борбата против корупцијата преку неконвенционални акции.
Главни активности: анкета и интервјуа со 300 млади за перцепциите кон корупцијата, подготовка на политички документ, тридневна обука на 20 млади антикорупциски агенти, младински форуми и јавни дебати во три општини (Скопје, Струмица и Гостивар), кампања на социјални медиуми „Младите не се алка во синџирот на корупцијата!“, герила акции и завршна конференција.
Очекувани резултати: зголемено знаење и вклученост на младите во борбата против корупцијата, објавени наоди и препораки, развиена едукативна мобилна апликација за пријавување корупција и зајакнати капацитети на граѓанските организации за понатамошно делување.
Проектен менаџер: Бојана М. Христовска
Проектен координатор: Тамара М. Спасова
Проектен експерт: Маја Христовска

