Проект „EU Youth Caravan“
Проектот е насочен кон зајакнување на младинскиот ангажман во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, преку директна работа со млади во сите 8 плански региони во државата. Преку дебати, симулации, интерактивни средби и креативни формати, младите ќе добијат можност поактивно да се вклучат, да се информираат и да придонесат во процесите што ја обликуваат европската иднина на земјата.
„EU Youth Caravan“ има за цел да ги приближи европските теми до младите на разбирлив, пристапен и практичен начин, со посебен фокус на нивното активно учество, размена на мислења и поттикнување на критичко размислување.
Проектот е дел од пошироката иницијатива „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“, имплементирана од UNOPS во соработка со Министерството за европски прашања, со поддршка од Шведска и Швајцарија.

