Mладите во Македонија: Клучна алка во изградбата на општество без корупција
Аналитика започнува започнува со активностите во рамки на проектот „Младите во РС Македонија: Клучна алка во изградбата на општество без корупција“, поддржан од ZIVIK Funding Programme преку средства обезбедени од Германското Сојузно Министерство за надворешни работи.
Преку истражувања, работилници, дебати и младински иницијативи, ќе ја засилиме улогата на младите во борбата против корупцијата и ќе работиме на градење на поодговорно, транспарентно и праведно општество.
Овој проект има за цел да ги слушне гласовите на младите, да ги поттикне нивните капацитети и да им понуди платформа за активно учество и промени.
Проектен координатор: Тамара М. СпасоваПроектен менаџер: Бојана М. Христовска
Проектен експерт: Маја Христовска