Повик за учество на обука за пристап до информации од јавен карактер

Повик за учество на обука за пристап до информации од јавен карактер

Во рамките на проектот „Транспарентни државни надзорни и регулаторни тела“ Аналитика Тинк Тенк објавува повик за учесници на обука за претставници на здруженија на граѓани за барање на пристап до информации од јавен карактер. На обуката ќе биде претставена законската рамка за пристап до информации од јавен карактер, како и совети и искуства ефикасно и навремено добивање на бараните информации.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават за обуката најдоцна до 30 ноември 2017 год. преку пополнување на формуларот за учество. Посебно ги охрабруваме претставниците на организации кои се уште немаат или имаат ограничено искуство со праќање на барања за пристап до информации од јавен карактер.

Обуката ќе се одржи на 12 декември 2017 год. во Скопје. Патните трошоци за учесниците кои не се од Скопје ќе бидат покриени од страна на организаторите.


ФОРМУЛАР За пријава на учество за обука за пристап до информации од јавен карактер


За повеќе информации контактирајте ја Магдалена Лембовска на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 02 3 151 948.


Проектот е поддржан од Британската амбасада во Македонија

Аналитика е непрофитна, независна институција посветена на трајно подобрување на демократијата и владеењето во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

Контакт

Емил Зола 10б/10
1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон: +389 70 242 887

info@analyticamk.org