Аналитика, во рамки на проектот "Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирање на јавните финансии", објавува јавен повик за граѓански организации / невладини организации во областа на јавните финансии отворен до 01.11.2018 година.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГО/НВО за поднесување на предлог проекти во рамки на програмата на Европската комисија за Механизми на граѓанско општество и медиуми 2014-2015 (Поддршка на регионалните тематски мрежи на граѓански организации).
Balkan Monitoring Public Finances ги поканува сите граѓански организации/невладини организации (НВО) од Македонија да достават предлог проекти кои се во согласност со целите на проектот Balkan Monitoring Public Finances и следните приоритетни области:
1. Поттикнување на ГО за зајакнување на знаењата во областа на јавните финансии, следење на јавните финансии, обезбедување предлози за политики и учествуво во процесите на креирање политики, подигнување на јавната свест и овозможување на дискусијата со носителите на одлуки и други релевантни чинители, застапување за поголема отчетност и транспарентност во областа на јавните финансии
2. Поддршка на медиумите да комуницираат и адекватно да ја информираат јавноста за прашања или политички процеси поврзани со јавните финансии
3. Поттикнување на експерти да спроведуваат истражувања за конкретните теми поврзани со јавните финансии
4. Создавање платформи за соработка или вмрежување на различни засегнати страни со цел креирање транспарентни и отчетни политички процеси и одлуки во областа на јавните финансии.
Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 4.000 до 8.000 евра.
Проектот BMPF го задржува правото да не ги додели сите расположливи средства во случај предлог-проектите да не ги исполнуваат дадените критериуми.
реметраењето на секој проект може да биде од 4 до 6 месеци. Избраните проекти треба да се имплементираат во периодот декември 2018 - мај 2019 година.
Учеството во овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани ГО и НВО (здружение / организација или фондација) во согласност со важечките закони и прописи во Македонија.
Сите заинтересирани организации може да најдат детални информации за условите за аплицирање и критериумите за финансирање на проектите во Упатството за аплицирање, кое е составен дел на документацијата на овој јавен повик.
За дополнителни информации и појаснувања, потенцијалните кандидати можат да се обратат на следната е-маил адреса:
Крајниот рок за поднесување на апликациите е понеделник, 1 ноември, до 12:00 часот.
Потребни документи за аплицирање:
ADMINISTRATIVE IDENTIFICATION FORM

