Проект „ ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН - регионална економска соработка и заеднички регионален пазар (мапирање на напредокот) - Можност за приближување на Северна Македонија кон внатрешниот пазар на ЕУ “

Проект „ ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН - регионална економска соработка и заеднички регионален пазар (мапирање на напредокот) - Можност за приближување на Северна Македонија кон внатрешниот пазар на ЕУ “

Цел на проектот: Креирање на целосна слика за постојната состојба и мапирање на напредокот на Северна Македонија кон економска интеграција на западен Балкан. Сеопфатно мапирање на клучните актери и нивните позиции, состојбата на работите во рамки на интегративниот процес на РС Македонија кон ЕУ и во рамки на регионалната соработка на Западен Балкан како посебен осврт на четирите слободи (слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал).

Очекувано долгорочно влијание: Олеснување на процесот на регионална економска соработка на РС Македонија со земјите од западен Балкан и подигнување на свесноста за важноста од регионалната соработка како дел од процесот за приближување на РСМ кон внатрешниот пазар на ЕУ

Главни активности: Преглед на законска регулатива и референтна литература во областа, Мапирање на состојбата генерално и мапирање на сосотојбата во секоја област поединечно (слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе), Спроведување на истражување (квалитативно и квантитативно) со компании кои се извозно ориентирани извозно односноно имаат трговска размена со земјите од регионот, Изработка на 5 кратки Брифови за политики со предог препораки за подобрување на соработката во регионот и приближување на РСМ кон внатрешниот пазар на ЕУ и Организирање на два јавни настани на национално и регионално ниво, со засегнати страни и чинители кои се активно вклучени во процесот и пред пред креаторите на политиките на централно ниво

Проектот е финансиран од Фондација Отворено Општество - Македонија.


Нашите истражувачи Тамара М. Спасова, Бојана М. Христовска, Вели Креци, Борче Треновски и Димитар Николоски, во наредниот период ќе работат на спроведување на активности од проектот.

 

 

ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИТЕ КОМПАНИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА „ОТВОРЕН БАЛКАН“

СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ НА ЛУЃЕ

СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ НА УСЛУГИ

СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИ

СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛ

ПРИДОБИВКИ ОД ЕКОНОМСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА