Економија на долг и еколошки долг во Југоисточна Европа

Економија на долг и еколошки долг во Југоисточна Европа

Денес, организациите од Balkan Monitoring Public Finance мрежата, на конференцијата ‘‘Економија на долг и еколошки долг во Југоисточна Европа ", ги презентираа истражувањата и анализите изработени од 7те земји на BMPF мрежата кои се однесуваат на поврзаноста на меѓусекторката криза на јавниот долг, инфраструктура и животната средина во регионот, на конференцијата "Долг економија и еколошки долг во Југоисточна Европа ".

Конференцијата беше составена од три панели. Првиот панел беше вовед во проектот и беше отворен од страна на Луиз Фернандо Виерија од проектот Бретон Вудс, Марија Хозе Ромеро од Еуродад - Европската мрежа за долг и развој и Десислава Стојанова од За Земјата, Бугарија.

Тема на вториот панел беше "Јавниот долг во Југоисточна Европа: зошто треба да се овозможи учество на јавноста во финансирањето?". Панелот беше отворен и модериран од Марк Перрера од Еуродад, потоа Ерик Туссен - економист и претседател на CADTM, Адреја Живковиќ - Фондација Крила Наде, БиХ и Ајда Пистотник - ЕнаБанда, Словенија како панелисти.

И на крај, темата на третиот панел беше "Јавната инфраструктура во Југоисточна Европа: Во чиј интерес?‘‘ Панелот беше модериран од Ксавиер Сол од Counter Balance со Томас Вајс - член на Европскиот парламент, Звездан Келмар - ЦЕКОР, Србија, Десислава Стојанова - За Земјата, Бугарија и Диелза Салиху од БИРН Косово.

 


 

Брисел, 20 март 2019 год