Програми

ПОВИК: За спроведување на активности за подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и правото на заштита на личните податоци

ПОВИК: За спроведување на активности за подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и правото на заштита на личните податоци

За проектот

Аналитика (www.analyticamk.org) е непрофитна, независна институција посветена на трајно подобрување на демократијата и владеењето во Македонија и на други места од регионот. Главна цел на проектот „Транспарентни и ефикасни државни надзорни и регулаторни тела“, е зголемена јавна контрола преку мониторинг на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на личните податоци со единствена цел подобрување на нивните перформанси ефективност, транспарентност како и отчетност. Една од компонентите на проектот е и подигнување на јавната свест за правото на пристап до информации од јавен карактер и правото на заштита на личните податоци.

Вид на активности

Добредојдени се предлози за промотивни и/или едукативни активности насочени кон пошироката јавност. Предност се дава на теренски активности наспроти активности насочени кон онлајн просторот. Вкупниот буџет кој избраниот кандидат ќе го има на располагање е 2700 британски фунти во денарска противредност според курсот на проектот. Овие средства треба да ги покријат сите трошоци за работен ангажман и средства за работа. Активноста треба да се спроведе најдоцна до 15 април 2018 год.

Кој може да аплицира

Повикот е отворен за сите правни (вклучително здруженија на граѓани и приватен сектор) и физички лица кои имаат експертиза во дадената област и соодветни капацитети за самостојно спроведување на активностите во консултации со тимот на Аналитика.

Начин на апликација

Ве молиме пратете го пополнетиот формулар заедно со CV на лицето или лицата кои ќе ја спроведуваат активноста на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 15 март 2018. Од кандидатите кои ќе бидат во потесен избор може да биде побарана дополнителна документација, како и доразработка на проектната идеја во соработка со Аналитика.

Проектот е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Аналитика е непрофитна, независна институција посветена на трајно подобрување на демократијата и владеењето во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

Контакт

Емил Зола 10б/10
1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон: +389 70 242 887

info@analyticamk.org