Регионална конференција: Кривична одговорност на полициски службеници во Западен Балкан

Регионална конференција: Кривична одговорност на полициски службеници во Западен Балкан

Регионалната ПОИНТПУЛС мрежа на граѓански организации и Регионалната иницијатива за антикорупција РАИ организираа конференција насловена како „Кривична одговорност на полициски службеници во Западен Балкан.“ Конференцијата се одржа на 21 декември 2017 во Белград.
Членовите на регионалната мрежа ПОИНТПУЛС, претставници на РАИ, како и професионалци од полицијата и јавните обвинителста расправаа за следниве прашања:
  • Кои се резултатите од кривичните истраги за нелегално постапување на полициски службеници?
  • Дали резултатите од кривичните истраги се задоволителни?
  • Каква е соработката меѓу внатрешната контрола и обвинителството?
  • Дали меѓусебната независност е проблем или придобивка?
  • Кои се приоритетите на Регионалната антикорупциска иницијатива во врска со полицискиот интегритет?
  • Како се одредуваат приоритетите за отпочнување на кривични истраги?
  • Како да се подобри кривичната одговорност на полициските службеници?

Магдалена Лембовска ја претставуваше Аналитика на конференцијата каде дискутираше за главните предизвици за воспоставување на кривична одговорност на полициски службеници во Македонија.

За време на втората панел дискусија, претставници на организациски единици за внатрешна контрола, обвинителствата и регионалните иницијативи од Западен Балкан ги споделија своите искуства во однос на кривичната одговорност на полициските службеници. Претставници на македонското Министерство за внатрешни работи и Јавното обвинителство исто така имаа свои презентации на конференцијата.

Конференцијата го означи крајот на третата година од спроведувањето на прокетот „Пулсот за полициски интегритет и доверба во Западен Балкан.“