Основана е Балканска платформа за безбедност

Основана е Балканска платформа за безбедност

Претставници од шест тинк тенк организации од регионот на Западен Балкан на 7ми март 2016 во Белград, потпишаа основачки акт со кој и официјално се формираше Балканската платформа за безбедност.

Основачи на Балканската платформа за безбедност се:

Аналитика тинк тенк, Скопје, Македонија

Белградскиот центар за безбедносни политики, Белград, Србија,

Центар за сигурносни студии, Сараево, Босна и Херцеговина

Институт Алтернатива, Подгорица, Црна Гора

Институт за демократија и медијација, Тирана, Албанија

Косовскиот центар за безбедносни студии, Приштина, Косово

Основни цели на Балканската платформа за безбедност се:

  1. Зголемување на улогата на граѓанското општество и граѓаните преку зајакнување на надворешната контрола врз безбедносниот сектор на балканот.
  2. Проширување на мрежата на граѓански организации заради зајакнување на соработката во анализирање, мониторинг и лобирање во делот на доброто владеење во безбедносниот сектор.
  3. Оспособување на граѓаните, институциите, регионалните иницијативи и партнери ширум Европа во применување на алатки кои обезбедуваат реформи во безбедносниот сектор.
  4. Зголемена посветеност околу интегритетот во земјите од регионот.

Оваа иницијатива е резултат од соработката која е започната пред седум години и е одбележана со постојани активности во прилог на унапредувањето на истражувачкaта методологија и зголемување на влијанието на безбедносната соработка во регионот.