Конференција: „Спротивставување на насилниот екстремизам во Македонија"

Конференција: „Спротивставување на насилниот екстремизам во Македонија„

Аналитика тинк тенк организираше конференција на 19ти Октомври 2016 во Хотел Мериот во Скопје, каде што беше представено едногодишното истражување „Напорите на Македонија за спротивставување на насилниот екстремизам, поглед на граѓанското општество". Истражувањето, подготвено од страна на истражувачите на Аналитика Филип Стојковски и Калтрина Селими, го анализираа институционалниот капацитет и начинот на кои се справуваат на ова прашање.

Конференцијата ги собере претставниците од цивилното општество, државните институции и меѓународното општество да дискутираат на наодите на истражувањето, но исто така и за моменталните трендови и предизвици во спротивставувањето на насилниот екстремизам.

Конференцијата беше отворена од страна на г-н. Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи во Македонија, и Андреја Богдановски, истражувач одговорен за Програмата безбедност и надворешна политика во Аналитика. Во почетниот говор, Г. Спасовски ја истакна важноста на институционалната соработка на национално и регионално ниво за поуспешна имплементација на стратегиите за спротивставување на насилниот екстремизам.

Конференцијата беше составена од три панел дискусии. На првиот панел дискусија, истражувачите Филип Стојковски и Магдалена Лембовска ги презентираа наодите на истражувањето и дадоа релевантни препораки. Г-н Стојковски истакна дека феноменот на странски борци не е нова појава во Република Македонија и дека десетици граѓани се имат преклучувано на паравоени формации во текот на изминатите неколку децении. Тој специфираше дека целната група на екстремистичките групи во Македонија се помладите со просечна возраст од 20-25 години. Во овој контекст, важно е идните решенија предвидени од државните институции да се фокусираат на младите како целна група.

Додатно, г-н Стојковски потсети дека стратегијата на македонските власти за спротиставување на наслниот екстремизам е приматно фокусиранана казнени и репресивни мерки без притоа да се работи доволно со локалните власти за да се спречи оваа негативна појава. Беше нагласено дека за превенција на насилниот екстремизам е потребна една сеопфатна стратегија во насока на засилуваање на капацитетите на граѓаните и групите на локално ниво, со цел креирање поголема отпорност кон оваа негативна појава. Освен тоа, се покрена прашањето за ресоцијализација и реинтеграција на поранешните странски борци.

Г-а Лембовска ги презентираше наодите од фокус групите кои беа спроведени во три градови во Македонија и кои се однесуваа на социоекономските услови за младите луѓе во тие градови, процесот на регрутација и нивното знаење и ставовите за радикализацијата.

. Во овој контекст, Лембовска изјави дека верските заедници во државата можат да играат позитивна улога во справувањето со овој феномен. Па така, Исламската верска заедница може да помогне при креирање на контра-аргументи кои младите луѓе можат да ги користат во иднина за да се заштитат од потенцијални регрутери. Од друга страна, Православната црква може да помогне да се расчистат недоразбирањата за муслиманската заедница кои се пресутни меѓу следбениците, како и во борбата против исламофобијата, која во последно време се користи од страна на регрутерите како главна причина за да се убедат младите дека во Македонија постои дискриминација врз религиозна основа. За време на конференцијата, беше упатена порака до политичарите да бидат повнимателни при давањето на изјави, како и да не го поврзуваат овој феномен со било која етничка или религиозна група бидејќи се покажа дека е глобален феномен кој ги засега сите. Во оваа смисла, беше истакната и улогата на медиумите.
Втората панел дискусија се однесуваше на релевантните чинители во спротивставувањето на насилниот екстремизам во Македонија. Г-ѓа Беса Арифи – Професор по кривично право во Универзитетот на Југоисточна Европа , се задржа на три главни точки: важноста на пристап до информации од државните институции, прашањата на правната рамка на Македонија во врска со спротивставување на насилниот екстремизам и улогата на образованието кон ова прашање.

Таа забележа дека е потребна заедничка мрежа помеѓу државните институции и граѓанското општество, посочувајќи добри практики од земјите членки на ЕУ. Понатаму, г-н. Агрон Војника –Лице задолжено за односи со јавност во Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија, ги истакна активностите на ИВЗ за превенција на инволвирање на младите во групи кои промовираат насилен екстремизам преку злоупотребување на Исламот и ја потенцираше важноста на ИВЗ на спротивставување на насилниот екстремизам. Тој изрази дека ИВЗ и дава голема важност на улогата на медиумите за подигнување на свеста за спротивставување на насилниот екстремизам. Г-дин Стевен Дејвис, Раководител на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците во Мисија на ОБСЕ во Скопје , зборуваше во врска со локалните, регионалните и меѓународните димензии на спротивставувањето на насилниот екстремизам и важноста на засилување и поддршка на институциите за подобра подготвеност да одговорат на предизвикот.

На третиот и последен панел, учество зедоа регионалните партнерски организации на Аналитика: Косовкиот Ццнтар за безбедносни студии (KSCC) од Приштина и Институтот за демократија и медијација (IDM) од Тирана, кои што ја опфатија регионалната перспектива на спротивставувањето на насилниот екстремизам. Г-н Скендер Петреши (KSCC) истакна дека забележано е намалување на бројот на странски борци од Косово но истовременосе уште има многу работа, затоа што странските борци не се единствената димензија на насилниот екстремизам. Г-н Петреши посочи дека е важно да се внимава да не се прави индиректна пропаганда на екстремистичките групи преку социјалните мрежи. Г-а Далина Јашари (IDM) изјави дека Албанија усвои нова стратегија за спротивставување на насилниот екстремизам, додека ја забележи и потенцираше дека кон спротивставувањето на насилниот екстремизам треба да пристапи надвор од верскиот контекст. Таа исто така забележа дека нема институционална соработка помеѓу земјите на Западен Балкан за подобро спротивставување на ова опасност.

После секоја панел дискусија, следеше дебата каде што беа учесниците поставуваа прашања до панелистите. Главниот заклучок на конференцијата беше дека постои потреба од темелни истражувања за насилниот екстремизам во Македонија и во државите од регионот, како и спроведување на сеопфатна стратегија на национално и регионално ниво која ќе ги опфати сите релевантни чинители.