Кон зајакнат надзор на македонските разузнавачки служби

Кон зајакнат надзор на македонските разузнавачки служби

Соработка помеѓу Аналитика и DCAF

Во периодот помеѓу октомври 2015 и јануари 2016 Аналитика го помагаше работењето на DCAF со двете парламентарни комисии задолжени за надзор на безбедносно разузнавачките служби во Македонија со цел зголемување на нивната ефикасност. Во текот на овој период беа одржани три заеднички состаноци со експерти од Данска, Норвешка, Словенија и Обединетото Кралство. На 22 јануари претставници на DCAF презентираа “Извештај со резиме и препораки околу надзорот врз разузнавањето, внатрешна контрола и отчетност на безбедносните и разузнавачките служби во Република Македонија.”

Вклученоста на Аналитика во овие активности е во рамките на проектот “ Зајакнување на парламентарниот надзор во безбедносниот сектор во Западен Балкан” http://www.analyticamk.org/en/events/51-foreign-and-security-policy/305-framework-project-fostering-parliamentary-oversight-of-the-security-sector-in-the-western-balkans