Аналитика на 6-тиот Белградски безбедносен форум

Аналитика на 6-тиот Белградски безбедносен форум

Истражувачите на Аналитика задолжени за безбедносни прашања го учествуваа на овогоденешниот Белградски безбедносен форум кој претставува една од најголемите безбедносни конференции во Jугоисточна  Европа. Овогодинешната тема се фокусираше околу тоа дали демократијата може да го преживее глобалниот неред?

Една од панел дискусиите на Форумот го адресираше прашањето за зајакнување на цивилните експерти од Југоисточна Европа во мировни операции. Аналитика заедно со еден од организаторите на Белградскиот безбедносен форум, Белградскиот центар за безбедносни политики работат на заеднички регионален проект со цел зајакнување на капацитети за учество во мировни операции.

За таа цел Аналитика организираше посета за двајца владини претставници, еден од македонското министерство за надворешни работи, еден од министерството за внатрешни работи. Оваа посета им овозможи на претставниците на македонските државни институции да добијат повеќе информации околу предизвиците и колегите со кои се соочуваат нивните колеги од регионот и Европа.

Земајќи ја предвид големината на Белградскиот безбедносен форум и бројноста на важни гости како на пример премиерите на Србија и Албанија Ивица Дачиќ и Еди Рама, Аналитика исто така во соработка со Белградскиот центар за безбедносни студии организираше посета на еден новинар од Македонија кој го покриваше настанот.

Горазд Чомовски, новинар од Faktor.mk објави неколку текстови околу дискусиите на овогоденешниот Белградски безбедносен форум.

belgrad1 85a86 belgrad2 a8d45belgrad4 45292belgrad3 6abb3