Презентација на Извештај за полициски интегритет во Македонија

На 13 декември 2016 год. Аналитика организираше настан за промоција на надоите од извештајот „Проценка на полицискиот интегритет во Македонија“ во Јавна соба, Скопје. Извештајот се однесува на одредени аспекти на полицискиот интегритет како што се надворешна контрола, внатрешна отчетност, управување со човечки ресурси, финансиски менаџмент и кривична одговорност.

Повеќе...

Сиромашни за топол дом

Се зголемува бројот на домаќинства кои трошат голем дел од домашниот буџет за да си го затоплат домот.

Повеќе...

ЛЕДС (развојни ниско-емисиони стратегии) Регионална платформа за Европа и Евроазија - Воведна Работилница

На 7 и 8 декември 2016 година, истражувачкиот и менаџмент координатор Соња Ристеска зеде учество на Воведната работилница во Будимпешта, Унгарија, во врска со формирањето на Регионалната платформа ЛЕДС за Европа и Евроазија (E & Е) (ЛЕДС-ЕЕП). Ова ќе биде регионална платформа на глобалното партнерство на ЛЕДС за регионот на Е & Е.

Повеќе...

Нашиот истражувач Филип Стојковски на регионална дискусија во Тирана

На 22ри Ноември, нашиот истражувач Филип Стојковски присуствување на регионалната дискусија на темата “Радикализмот и екстремизмот во Западниот Балкан: моментална состојба, идни чекори, и добри практики ”.

Повеќе...

Истражувачите на Аналитика на меѓународна конференција за презентација на СОКТА

Магдалена Лембовска и Филип Стојковски учествуваа на меѓународната конференција организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Србија за промоција на Регионалната процена на заканите од тешкиот и организираниот криминал (СОКТА), која беше подготвена заеднички од страна на министерствата за внатрешни работи на Србија, Црна Гора и Македонија. Настанот се одржа на 14 ноември 2016 год. во Белград.

Повеќе...

Предавање „Изворите на полската надворешна политика по 1989 година“

Амбасадата на Република Полска во Скопје во соработка со „Аналитика тинк тенк“ организираше предавање на д-р Павел Ковал под наслов: „Изворите на полската надворешна политика по 1989 година“.

Повеќе...

“После Париз, после Брегзит - Перспективи за земјите од Западен Балкан„, Сесии Самит на Западен Балкан - Париз и патот напред

На 24.11.2016, нашиот истражувачки и менаџмент координатор Соња Ристеска беше една од учесниците на тркалезната маса на тема “После Париз, после Брегзит - Перспективи за земјите од Западен Балкан„, Сесии Самит на Западен Балкан - Париз и патот напред во организација на Институтот за Европска политика.

Повеќе...

Конференција: „Пристап до информации и заштита на лични податоци - можности и предизвици“

На 18 ноември 2016 год. беше одржана конференцијата „ Пристап до информации и заштита на лични податоци - можности и предизвици“ во Хотел Мериот во Скопје.

Повеќе...

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови