Развој на култура на мир и превенција од насилство како основна вредност во образовниот систем на РС Македонија

Втора Дебата со невладини организацииза енергетска сиромаштија

На 1ви јуни Аналитика ја одржа втората работилница во рамките на проектот “Енергетска сиромаштија на агендата” со претставници на граѓански сектор со цел собирање на повратни информации и мислења за подобрување на мерките за намалување на енергетска сиромаштија во С. Македонија.

На 1ви јуни Аналитика ја одржа втората работилница во рамките на проектот “Енергетска сиромаштија на агендата” со претставници на граѓански сектор со цел собирање на повратни информации и мислења за подобрување на мерките за намалување на енергетска сиромаштија во С. Македонија. Енергетската сиромаштија се разгледуваше од аспект на: 1) потребите на различни ранливи групи, 2) потребите и трошоците за основни потреби, 3) фактори кои придонесуваат кон енергетска сиромаштија, 4) нови ризици од пандемијата и енергетската криза, 5) разгледување на итни и долгорочни мерки за намалување на енергетска сиромаштија, и 6) разгледување на постојни мерки за намалување на енергетска сиромаштија во С Македонија. Од дискусијата произлегоа корисни предлози како системска поддршка на граѓаните за инвестирање во енергетска ефикасност и обновливи извори, како и вметнување на социјални критериуми при доделување на субвенции за енергетски ефикасни апарати. Дискусијата ја модерираше др Ана Стојиловска, надворешен истражувач на Аналитика.
Проектот е поддржан од проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ кој го реализираат Центарот за истражување и информирање за животната средина Eko-svest, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници - МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе - ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.