Во декември 2016 Аналитика тинк тенк заедно со ЕЛИАМЕП (Грција) започнаа со работа на едногодишен истражувачки проект кој има за цел испитување на различните форми на соработка кои постојат помеѓу Македонија и Грција во делот на прекуграничната соработка и во областа на образование и академски размени.
Спорот околу името има негативно влијание во скоро сите области на академската и научната соработка помеѓу двете држави како и генерално гледано во соработката помеѓу граѓанскиот сектор. Како резултат на тоа граѓанските организации во двете земји не успеваат во градењето на канали за неформална комуникација и соработка што всушност би помогнало во градењето на стабилни врски помеѓу двете земји. Во 2015 двете држави иницираа мерки за градење на доверба.
Поконректно целите на проектот се:
- Проценка на клучните области за соработка помеѓу двете земји како и искуствата кои постојат во тие полиња и можностите за нови соработки.
- Градење на доверба и воспоставување на платформа за понатамошна соработка помеѓу двете организации.
- Поддршка на мерките за градење доверба иницирани помеѓу Грција и Македонија преку обезбедување на знаење и експертиза во областите: прекугранична соработка во рамките на ИПА2 како и образование и размени.
Проектот е финансиски поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска.
За повеќе информации околу проектот ве молиме контактирајте го Андреја Богдановски на

