На состанокот присуствуваше Аналитика (со истражувачите Тамара М. Спасова и Бојана М. Христовска и останатите партнери од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и координаторот од Србија. На првиот состанок присуствуваа и научни соработници од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC).
На состанокот секоја од земјите презентираше основни факти за состојбата со тутунот во земјата, се утврдија основите на националните студии, формата на политичкиот дијалог кој ќе се практикува и се означија главните засегнати страни во процесот.




