Настани

Јавно приватно партнерство: проблеми и можности, Република Македонија

Јавно приватно партнерство: проблеми и можности, Република Македонија

Аналитика денес ги презентираше наодите од документот: Јавно приватно партнерство: проблеми и можности, Република Македонија, изработена во рамки на на проектот од CIVIKA Mobilitas ‘‘Јавни финансии - со посебен фокус на Јавно Приватно Партнерство‘‘.

Аналитика истакна дека е потребно Јавното приватно партнерство да биде во интерес на граѓаните а не само бизнис интерес.

Со цел успешна имплементација на проекти со ЈПП потребно е зајакнување на институционалните капацитетите на централно и локално ниво. Непочитувањето на одредбите од Законот, пропусти во начинот на спроведување на отворената постапка за доделување на договор за ЈПП, како занемарување на граѓанскиот сектор во процесот на одлучување, се главните проблеми.

На настанот учествуваа претставници од општините, Министерството за економија, како и претставници од невладините организации и медиумите.
Наодите ги презентираа Tamara Spasova и Bojana Mijovic Hristovska

Аналитика е непрофитна, независна институција посветена на трајно подобрување на демократијата и владеењето во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

Контакт

Емил Зола 10б/10
1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон: +389 70 242 887

info@analyticamk.org