Енергетска сиромаштија на агендата

Развој на култура на сајбер безбедност во образовниот систем на Северна Македонија - Зајакнување на капацитетот на младите луѓе и наставниците за примена на мерки за сајбер безбедност и развој на ефективни училишни програми за спречување на сајбер-насилст

Општа  цел на проектот е запознавање на младите со придобивките од  дигиталната  трансформација  и зголемување на   употребата на мерките за сајбер безбедност кај младите  со што ќе  се зголеми нивно безбедно присуство на интернет и ќе се намалат негативните ефекти .

Краткорочни цели:

С.Ц.1. Идентификување на знаењата на учениците и наставниот кадар за значењето од дигиталната тансформација на општеството со фокус на обраовните програми како и степенот на примена на мерките за сајбер безбедност од страна на младите;

С.Ц.2.  Подобрување на соработка и трансферот на знаења помеѓу  граѓански организации, образовните институции и институциите надлежни за креирање на политики од областа на сајбер безбедност и институциите надлежни за санкционирање на сајбер криминалот;

С.Ц.3. Зголемување на улогата  на  локалните граѓански организации во обезбедување на помош и поддршка на образовните институции и младите  за подобро искористување на потенцијалот на информатичко-комуникациските технологии;

С.Ц.4. Подобрени знаења и вештини на 15 наставници од 3 средни училишта за примена на програми  за успешна и одржлива дигитална трансформација и содржини од сајбер безбедност во училиштата преку создавање на мрежа од наставници и граѓански организации;

С.Ц.5. Јакнење на вештините на 100 ученици за безбедно користење на интернет преку  врсничка едукација;

С.Ц.6.  Креирање на мобилна апликација со едукативен и информативен карактер наменета за наставници, ученици и родители;

Период на спроведување на проектот: Август - Септември 2024 година
Лице за контакт: Маја Христовска, проектен експерт