Учество на граѓанскиот сектор во програмирањето на ИПА 2014-2020


ucestvo_esИмајќи ја предвид важноста на ЕУ фондовите во Македонија, Еко-свест и партнерските организации Аналитика, Фронт 21/42, МЦЕО, ЕПИ, Реактор, Асоцијација Зенит, поддржани од Центар за граѓански комуникации, УСАИД и ФООМ спроведоа дводневна работилница за граѓанските организации во врска со ИПА 2014-2020.


 



ucestvo_e

Имајќи ја предвид важноста на ЕУ фондовите во Македонија, Еко-свест и партнерските организации Аналитика, Фронт 21/42, МЦЕО, ЕПИ, Реактор, Асоцијација Зенит, поддржани од Центар за граѓански комуникации, УСАИД и ФООМ спроведоа дводневна работилница за граѓанските организации во врска со ИПА 2014-2020.

На работилницата која се одржа од 27-28 февруари во Охрид се дискутираше за Националниот стратешки документ (НСД) на Македонија за ИПА програмирањето 2014-2020 на национално ниво и во дел на регионално ниво (cross-border cooperation). Идејата беше да се собере придонесот на организациите за негово подобрување. Првиот ден говореа претставници на граѓанскиот сектор како Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест, Неда Коруновска од Реактор и Лидија Димова за досегашните активности поврзани со ИПА фондовите во Македонија, а Орхидеја Каљошевска од Сектретаријатот за европски прашања при Владата на РМ говореше за Дијалогот Влада - граѓански сектор во делот на ИПА. Другата половина на првиот ден и вториот ден беа одредени за избор на претставници на граѓанскиот сектор и креирање механизам за консултации помеѓу владините институции и граѓанскиот сектор во секој од секторите опфатен со НСД и тоа:

- демократија и владеење,
- владеење на правото и темелни права,
- животна средина,
- транспорт (енергетика),
- конкурентност и иновација,
- образование, вработувања и социјални политики,
- земјоделство и рурален развој.
- Прекуграничната соработка како хоризонтално прашање.
Од Аналитика Соња Зубер и Ана Стојиловска беа одредени за модерирање и водење на групата Транспорт (енергетика).

Освен дискутирањето на НСД, во групите се работеше и на бирање критериуми за номинација на претставници од граѓанските организации и нивна номинација за секој од наведените сектори, а вториот дел се состоеше во нивна презентација и гласање од страна на присутните организации. На крајот од оваа дводневна работилница беа избрани 8 претставници на граѓанскиот сектор со по еден заменик за секој сектор наведен во НСД.

Крајната цел на работилницата беше вмрежување и заедничко делување во делот на насочувањето на ЕУ фондовите (Инструментот за претпристапна помош) во Македонија. За галерија од настанот, кликнете тука.