analitika5

Аналитика е непрофитна, независна институција посветена на помагањето на поединци и институции со цел да се поттикне трајно подобрување на демократијата и владеењето во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

Аналитика е единствена институција за истражување на јавните политики и ‘тинк-тенк’ организација. Предлага решенија на современите проблеми преку идеите, принципите и традициите кои ја прават Македонија важно историско и геополитичко место. Посветена е на промовирање на подобра соработка и разбирање меѓу луѓето во Македонија и пошироко во регионот на Југоисточна Европа.

Аналитика го постигнува ова со поддршка на поединци и институции кои работат на вакви прашања, преку свикување на лидери кои дискутираат за најитните теми, како и со истражување на начини преку кои соработката може да се справи со различни национални и регионални предизвици. Аналитика ги вреднува оние кои ја разбираат и ја споделуваат својата посветеност на толеранцијата, на дијалогот и разновидноста, и верува дека патот кон толеранцијата, соживотот, мирот и среќата минува преку толеранција, дијалог и разновидност. Вредноста на Аналитика е вкоренета во локалната традиција на филантропија во Македонија и другите места од регионот.

Најважниот сегмент на Аналитика е дека Аналитика ја канализира и институционализира оваа филантропска традиција за промоција и остварување на стратешките цели на Македонија и други земји од регионот при процесот на интеграција во Евро-атлантските структури.

 

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови