Мерки за градење на доверба помеѓу Грција и Македонија, поглед од граѓанското општество

Во декември 2016 Аналитика тинк тенк заедно со ЕЛИАМЕП (Грција) започнаа со работа на едногодишен истражувачки проект кој има за цел испитување на различните форми на соработка кои постојат помеѓу Македонија и Грција во делот на прекуграничната соработка и во областа на образование и академски размени.

Спорот околу името има негативно влијание во скоро сите области на академската и научната соработка помеѓу двете држави како и генерално гледано во соработката помеѓу граѓанскиот сектор. Како резултат на тоа граѓанските организации во двете земји не успеваат во градењето на канали за неформална комуникација и соработка што всушност би помогнало во градењето на стабилни врски помеѓу двете земји. Во 2015 двете држави иницираа мерки за градење на доверба.

Поконректно целите на проектот се:

  1. Проценка на клучните области за соработка помеѓу двете земји како и искуствата кои постојат во тие полиња и можностите за нови соработки. 
  2. Градење на доверба и воспоставување на платформа за понатамошна соработка помеѓу двете организации. 
  3. Поддршка на мерките за градење доверба иницирани помеѓу Грција и Македонија преку обезбедување на знаење и експертиза во областите: прекугранична соработка во рамките на ИПА2 како и образование и размени.

Проектот е финансиски поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска.

За повеќе информации околу проектот ве молиме контактирајте го Андреја Богдановски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови