Транспарентни и ефикасни државни регулаторни и надзорни тела

Тимот на Аналитика започна со имплементација на активностите како дел проектот “Транспарентни и ефикасни државни регулаторни и надзорни тела” поддржан од страна на Британската амбасада во Скопје.

Во наредниот период нашите истражувачи ќе се фокусираат на работата на Комисијата за заштита на правото на пристап до инфомрации од јавен карактер како и на Директоратот за заштита на лични податоци како државни надзорни и регулаторни тела. Главна цел на проектот е зголемена јавна контрола преку мониторинг на работата на овие две тела со единствена цел подобрување на нивните перформанси ефективност, транспарентност како и отчетност.

Главната активност за исполнување на оваа цел е мониторирање на прогресот на двете тела преку јасно поставени одредници и објавување на резултатите преку квартални извештаи заедно со препораки за нивно подобрување.

Други активности вклучуваат изработка на студија за јавни политики, конференции, тркалезни маси во 3 градови низ Македонија, конференции за печат, тренинг за граѓански организации како и артистички инсталации со цел популаризација на правото за пристап до информации од јавен карактер како и заштита на личните податоци.

 

Основни документи за следење на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на личните податоци

Извештај за следењето на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на личните податоци

Лице за контакт:
Магдалена Лембовска (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)
Андреја Богдановски (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови