pulse mk 032f9

Целта на проектот е да се придонесе кон зголемување на довербата во спроведувањето на законот во земјите од Западен Балкан преку промовирање на полициски интегритет и помагање во борбата против корупцијата во полицијата.

Аналитика почнувајќи од Февруари 2016 се приклучи кон регионалната мрежа на граѓански организации (Белградскиот центар за безбедносна политика (BCSP), Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН), Центарот за безбедносни студии од Сараево, Институт Алтернатива (ИА) од Црна Гора, Косовскиот Центар за безбедносни студии (КЦСС) од Приштина и Институтот за демократија и медијација Албанија (ИДМ)) во проектот ПОИНТПУЛС (Пулсот за полициски интегритет и доверба на Западен Балкан), чија главна цел е да го зголеми надзорот на полицискиот интегритет во Западен Балкан.

Цели:

Општи цели: Придонес кон зголемена доверба во спроведувањето на законот во Западен Балкан во борбата против корупцијата во полицијата и промовирање на полицискиот интегритет.

Специфични цели: Основање на мрежа на регионален граѓански надзор која ќе биде целосно компетентна во разбирањето и следењето на состојбата на полицискиот интегритет и би се залагала за промени на јавните политики во регионот на Западен Балкан.

Активности

Аналитика Тинк Тенк и партнерите во проектот ќе ги спроведат следниве активности:

1. Воспоставување на целосно функционална мрежа за надзор од организации на граѓанското општество: Пулс на Западен Балкан за полициски интегритет и доверба (POINTPULSE).

2. Развивање на методолошката рамка на POINTPULSE за анализирање на корупцијата во полицијата и обезбедување на кохерентна, сеопфатна рамка за проценка на состојбите во врска со полицискитот интегритет.

3. Надзор и мапирање на полицискиот интегритет во земјите од Западен Балкан (вклучувајќи истражување на јавното мислење, изработка на анализи, извештаи по држави и годишен извештај).

4. Влијаење врз креаторите на јавните политики и подигање на свеста околу полицискиот интегритет (вклучувајќи и работилници со претставници на регионалните иницијативи, панел дискусии, онлајн платформа POINTPULSE, вести по медиуми и годишна конференција).

Проектот е поддржан од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на програмата за граѓанско општество (CSF) EuropeAid/136-034/C/ACT/Multi.

Онлајн платформаta може да се провери на следниот линк: http://pointpulse.net/

За повеќе информации околу проектот, ве молиме контактирајте ја Калтрина Селими Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови