Проект „Забрзување на напредокот на ефективните даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход"

Во наредните пет години Аналитика заедно со Development Solutions Associates (Албанија), Универзитетот Бања Лука (Босна и Херцеговина), Факултет за Економија-Сплит (Хрватска), Centre for Political Courage (Косово), Институт за социо-економски анализи (Црна Гора) и координаторот Институ за економски науки (Србија), ќе работат на проект финансиран од Блумберг (САД) и имплементиран преку Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC).

Темата на проектот е „Забрзување на напредокот на ефективните даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход".

Институтот за економски науки од Србија ја координира регионалната мрежа на истражувања во земјите од Западен Балкан за оданочување на тутун. Активностите за истражување и дисеминација имаат за цел да произведат висококвалитетни истражувања и документи за политики достапни за владините креатори на политики и за граѓанското општество. Истражувањата се фокусираат на недостатоците во економските и фискалните аспекти на националната политика за оданочување на тутунот, која е од суштинско значење за формирање на ефективна даночна политика.

Темите за истражување вклучуваат трошоци и придобивки од тутунот во однос на владините буџети, влијанието на трудот, нелегалната трговија, даночната усогласеност на тутунската индустрија, вклучувајќи го избегнувањето на плаќање на даноците и влијанието на данокот на тутун врз нееднаквоста.

Активности во рамки на проектот:

  • Градење капацитети на тинк-тенкови во одбрани земји/региони со цел да се обезбеди поддршка на владите и граѓанското општество врз основа на политика креирана на докази со цел ефективни политики за оданочување на тутун.
  • Поддршка преку организирање на работилници за високи претставници на носителите на одлуки со цел подигнување на свеста и градење технички капацитети за политики за оданочување на тутун.
  • Развивање и дистрибуирање на ресурси (документи за политки) за оданочување на тутунот со цел да се изгради и сподели знаење и да се подигне профилот на оданочување на тутун во политиката за контрола на тутунот (преку проширување на платформата за тобакоекономија, обезбедување информативен и ресурсен центар).

Нашите истражувачи Тамара М. Спасова и Бојана М. Христовска во наредниот период заедно со тимот од другите земји ќе работат на спроведување на активности од проектот.

веб страната на проектот: http://tobaccotaxation.org/

 2019  
Еластичност на тутунски производи во Македонија

Забрзување на напредокот на ефективните даночни политики за тутун во земјите со низок и среден приход - Национална студија - МАКЕДОНИЈА
Економија на тутун и оданочување на тутун

ПОДОБРУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ПОЛИТИКА ЗА ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 2018  

На 26 и 27 Февруари се одржа иницијалниот состанок во рамки на регионалниот Проект „Забрзување на напредокот на ефективните даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход"


Проектен менаџер: Тамара Мијовиќ Спасова
Истражувач:  Бојана Мијовиќ Христовска

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови