Потребни регулаторни и супервизорски мерки за зачувување на стабилноста на финансискиот сектор во Македонија (втор дел)

Клучен елемент за забрзување на економскиот развој на една земја е постојано развивање на финансискиот сектор. Тоа е всушност причината зошто главната цел на регулаторните и надзорните тела во секоја земја е креирање и спроведување на политики со цел да се зголеми стабилноста и конкурентноста на финансискиот сектор до ниво кое ќе овозможи негова успешна интеграција во глобалниот пазар на финансиски услуги. Како одговор на големата економска и финансиска криза (2007-2008), беа преземени повеќе мерки за решавање на негативните ефекти и притисоци, како и за одржување на стабилна макроекономска средина во земјата.

Но сепак, за една земја, секогаш постои предизвик да биде добро подготвена со цел да даде навремен и превентивен одговор особено што во овој финансиски свет каде што сè се менува многу брзо. Сепак, она што е неизбежно точно е дека светот никогаш нема да биде ист по неодамнешната голема финансиска криза. Значи, она што е од клучно значење е дека неодамнешната финансиска и должничка криза ја истакна важноста од преземање и спроведување на претпазливи регулаторни и надзорни мерки за зачувување на стабилноста на финансискиот сектор. Во оваа смисла, постојат голем број на регулаторни, супервизорски и институционални мерки кои треба да се имплементираат во рамки на финансискиот сектор, со цел негово поефикасно функционирање и подготвеност за идните предизвици. Во првиот дел зборувавме за подобра супервизорска функција на банките, додека во овој втор дел зборуваме за законска рамка за решавање на проблеми во банките.

I. Подобрена правна рамка за решавање на проблеми во банките

Финансиската криза покажа дека се потребни поцврсти политики за управување со кризи на национално ниво, како и креирање и спроведување на политики за подобро решавање на банкарските неуспеси. Воедно, финансиската криза укажа и на многу важен факт дека на банките и другите системски финансиски институции не може да им се дозволи да пропаднат, но истовремено, не постои едноставно решение за истите да продолжат да ги спроведуваат основните банкарски функции додека се несолвентни. Исто така, во случај на неуспех на голема банка, нејзините функции не може да се исклучат без притоа да се предизвикаат значителни системски оштетувања. Во отсуство на конкретни механизми за спроведување на „нормално„ згаснување на банката, земјите немаа друг избор освен да го помогнат својот банкарски сектор по пат на спасување со државни пари. Државната помош на ЕУ за поддршка на банките изнесуваше 13% од БДП. Влијанието врз даночните обврзници е очигледно.

Нова рамка за управување со кризи е од суштинско значење со цел да се изгради подобар финансиски систем. Клучно за банките е да бидат посилни, со повисоки нивоа на капитал и подобар квалитет на капиталот, поголема заштитата на штедачите и подобар надзор. Регулаторните и надзорни тела мора да располагаат со алатки кои ќе им овозможат да спречат системска штета предизвикана од неуспех („пропаѓање„) на таквите институции без притоа тоа да биде на товар на даночните обврзници. Со цел да се обезбеди брза интервенција за да се спречи порастот на загубите откако банките ќе станат сериозно поткапитализирани, навремената интервенција е клучна.

Сепак, во овој момент е важно Република Македонија да усвои подобра национална законска рамка за разрешување на проблеми во банките. Во овој контекст, најсоодветни алатки, во поширока смисла, со цел спречување на идна финансиска криза и зајакнување на финансискиот систем би биле воспоставување на фонд за решавање на проблемите во банките и „бриџ„ банка.

Фонд за решавање на проблемите во банките

Како што беше споменато претходно, за земјите е многу важно да ги имплементираат ваквите алатки за решавање на проблеми за банките кои ќе осигурат дека идните неуспеси на банките нема да бидат на товар на даночниот обврзник и нема да го дестабилизираат финансискиот систем. Имено, како резултат на финансиската криза, владите мораа да користат големи износи на средства (пари кои граѓаните ги плаќаат во форма на даноци) за поддршка на нивниот финансиски сектор, за да ја задржат финансиската стабилност и да ги заштитат штедачите. Од таа причина, потребна е мерка која ќе осигура дека ако во иднина настане неуспех на банка, постојат стабилни механизми за поддршка, средства од баките (приватни пари) со цел справување со проблемот во банката.

Таква мерка е воспоставување на ex ante фонд. Ова би значело земјата да воспостави фонд во кој банките се обврзани да плаќаат провизија. Средствата нема да бидат искористени за спасување банките, туку само за да се осигура дека „пропаѓањето„ на банката се управува на уреден начин и не го дестабилизира финансискиот систем. Имено, ова ќе биде систем во кој ќе се применува принципот "загадувачот плаќа". Така, даночните обврзници не треба да продолжат да ги сносат високите трошоци за спасување на банки во банкарскиот сектор.

Сепак, имплементацијата на оваа алатка за решавање на проблеми на баките ќе ја подобри отпорноста на банкарскиот сектор. Исто така, постоењето на големи шеми финансирани од банките го решава важното прашање на "морален хазард", нагласувајќи го фактот дека акционерите и неосигурените доверители мора да се први кои ќе ги сносат последиците од неуспех на банката и дека средствата од Фондот за решавање на проблемот на банката нема да имаат улога на заштита (осигурување) на банката и нема да се користат за спасување на банката од „пропаѓање„ , туку за да се осигура уредно „пропаѓање„. Важно е да се забележи дека оваа алатка за решавање на проблеми во банки треба да биде фокусирана на систематски важни финансиски институции (банки). Овој фокус е оправдан заради посебната природа на банките - нивната единствена улога како даватели на кредити, приматели на депозити и вршители на платниот промет - која предизвикува одредени проблеми и цели на јавната политика во случај на неуспех („пропаѓање„) на банката.

Воспоставувањето на претходно финансирани шеми би претставувало најдобро искористување на давачките на банките. Оттука, овие средства ќе бидат дизајнирани на тој начин да обезбедат финансирање за видовите мерки, како што е обезбедување на финансирање за операции на "bridge bank".

Bridge Банка

Како што покажува искуството од глобалната финансиска криза, многу важно прашање што треба да се разгледа е опцијата за брз делување и намалување на трошоците во време на криза. Оттука, ова вклучува можност за формирање на т.н. bridge банка. Алатката bridge банка е алатка која им овозможува на органот надлежен за решавање на проблеми во банка да ги пренесат сите или дел од средствата на банката во bridge банка. Алатката bridge банка му овозможува на надлежниот орган да го "премостат" јазот помеѓу моментот на неуспех на банката и моментот на наоѓање соодветне инвеститор. Имено, " bridge банката" би требало да е компанија која може да биде во целосна сопственост на еден или повеќе јавни органи или во сопственост на надлежниот орган за решавање на проблеми во банка, кој во овој случај би бил Фондот за осигурување на депозити во кој би бил основан Фондот за решавање на проблеми во банка. Оваа алатка е атрактивна особено за систематски важни финансиски институции - банки.

Bridge банката треба да биде основана во согласност со Законот за банките и соодветните подзаконски акти, со цел да ги продолжи активностите што произлегуваат од пренесувањето на правата, средствата или обврските преку bridge банката. Исто така, ќе биде предмет на супервизија во согласност со Законот за банките и соодветните подзаконски акти и супервизорските практики на Народната банка. Надлежниот орган за решавање на проблеми во банка треба да назначи директори и менаџери на bridge банката кои ќе ја управуваат банката како профитна институција. Bridge Банката ќе ги преземе депозитите и другите "здрави" банкарски активности, со што ќе обезбеди континуитет во работењето. Сите други средства и обврски, заедно со вредноста добиена за пренос на средства на bridge банката, ќе останат во "пропадната" банка, на која ќе и биде одземена лиценцата.

Bridge Банката треба да се смета како продолжување на банката во која се решава проблемот. Имено, крајната цел на оваа алатка е да ја олесни продажбата на bridge банката по комерцијални услови. Работата на bridge банка е привремена, а нејзиното работење треба да престане во рок од една година, но овој период може да се продолжи на 6 години. Ако bridge банката не се продаде пред истекот на максималниот период, таа треба да биде затворена. Акционерите и доверителите на банката што „пропаѓа„ не треба да имаат никакви права над bridge банката, освен правото на која било резидуална вредност остварена од продажбата на bridge банка откако сите други доверители и побарувачи и трошоците на органите за управување со кризи (освен оние што треба да се исполнат преку шемата за осигурување на депозити) ќе бидат исплатени во целост.


1* European Commission. (2010, May 26). Bank Resolution Funds. Communication from the Commission to the European Parliament, the Council, the European Economic and Social Committee and the European Central Bank. Retrived November, 2010, from: http://ec.europa.eu/internal_market/bank/docs/crisis-management/funds/com2010_254_en.pdf

2* International Monetary Fund, European Department (2009b, September). The Need for Special Resolution Regimes for Financial Institutions—The Case of the European Union. Retrived June, 2010, from: http://www.imf.org/external/pubs/ft/wp/2009/wp09200.pdf


Бојана Мијовиќ Христовска,

истражувач Програма за анализа на јавни политики и администрација

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Кратката студијата е изработена во рамките на проектите на Аналитика: ‘‘Транспарентност и отчетност на јавните финансии - поглед од граѓанското општество‘‘ финансиран од CIVIKA Mobilitas . Содржината на кратката студија во ниту еден случај не ги одразува мислењата или официјалните ставови на донаторот на проектот.

 

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови