Даночна правда во Југоисточна Европа - Како да се намалат нееднаквостите?

Партнерите на мрежата Balkan Monitoring Public Finance одржаа дискусија и ја претставија студијата ‘‘Даночна правда во Југоисточна Европа - Како да се намалат нееднаквостите?‘‘ во Европскиот парламент со домаќин на настанот - словенечка европратеничка Тања Фајон.

Студијата ‘‘Даночна правда во Југоисточна Европа - Како да се намалат нееднаквостите?‘‘ беше изготвена во рамките на проектот Balkan Monitoring Public Finance, иницијатива поддржана од ЕУ за подобрување на транспарентноста и одговорноста на политиките и донесувањето одлуки во областа на јавните финансии. Студијата ги анализира даночните системи во седум (7) земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија), идентификувајќи неколку случаи и трендови кои треба да се преобликуваат со цел да се постигне фискална одржливост и даночна правда .

Тања Фајон, европратеник ја отвори конференцијата. Подоцна Лидија Живчиќ од Фокус (Словенија) ги претстави клучните наоди на Студијата за даночна правда во Југоисточна Европа, додека Бојана Мијовиќ Христовска од Аналитика (Македонија) ја презентираше студијата за даночната правда во Македонија, а Лидија Кесар од Фрактал (Србија) презентираше случаи на даночна неправда во Србија.


Брисел, 20 март 2019 година

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови