Аналитика со својот тим, Тамара М.Спасова и Бојана Христовска учествуваше на регионалната Конференција"Економија на оданочување на тутунот" која беше организирана во Белград на 11-ти декември 2018 година.

На овој настан учествуваа повеќе од педесет учесници меѓу кои истражувачи и експерти за оданочување на тутун и тутунски производи од регионот и пошироко.Целта на оваа конференција беше дисеминација на висококвалитетни истражувања и резултати од областа за оданочување на тутун во регионот на Централна и Источна Европа, наменети за креаторите на политиките, граѓанското општество и меѓународните организации како и за истражувачите.

Презентациите во рамки на конференцијата беа организирани во две сесии.Во првата сесија беа презентирани резултатите од националните студии за оданочување на тутун и тутунски производи, спроведени во рамките на научно-истражувачкиот проект "Забрзување на напредокот на ефективни даночни политики за тутун во земјите со низок и среден приход", финансиран од Универзитетот во Илиноис, Чикаго (УИЦ) - главен партнер на Иницијативата на Блумберг за намалување на употребата на тутунот. Во рамките на втората сесија, истакнати експертите за оданочување на тутун и тутунски производи одржаа презентации за слични истражувања, како и за најдобрите пракси што се применуваат во другите земји. Резултатите од презентираните истражувања се дискутираа во контекст на постоечките трендови во социјалните, економските и политичките прашања поврзани со оданочувањето на тутунот во земјите од Централна и Источна Европа.Конференцијата беше исклучителна можност да се дискутира за користењето на истражувањата во креирањето на јавните политики и степенот до кој политиките за оданочување на тутунот и тутунските производи се базираат на веродостојни податоци и научни анализи.За време на дискусијата, беше истакнато дека во земјите од Централна и Источна Европа, научните истражувања малку се користат во креирањето и усвојувањето на јавните политики.

Главните резултати од конференцијата се однесуваат на потребата од понатамошно истражување и зајакнување на истражувачките капацитети за оданочување на тутун и тутунски производи во регионот на ЦИЕ, што ќе резултира со усвојување на ефективни политики за подобрување на општеството.


Линк до настанот: http://tobaccotaxation.org/news/conference-economics-of-tobacco-taxation-held-in-belgrade/

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови