Соработка во областа правда и внатрешни работи како мерка за градење на доверба меѓу соседите – истражувачка перспектива на Аналитика и ЕЛИАМЕП

Аналитика во соработка со Шведската Амбасада во Скопје го организираше настанот “Соработка во областа правда и внатрешни работи како мерка за градење на доверба меѓу соседите – истражувачка перспектива на Аналитика и ЕЛИАМЕП”. Настанот се одржа на 11 декември 2018 во Холидеј Ин во Скопје.

Поздравни обраќања имаа:

Вели Креци, Претседател, Аналитика

Горан Стевчевски, Директор на Директоратот за билатерални односи со земјите од Југоисточна Европа и регионални иницијативи, Министерство за надворешни работи на Р. Македонија

Н.Е. Матс Стефансон, Амбасадор, Шведска Амбасада Скопје

Јанис Армаколас, Раководител на Програмата за Југоисточна Европа, ЕЛИАМЕП

За време на поздравните обраќања, чинителите ја потенцираа важноста на иницијативите за соработка меѓу Р. Македонија и Р. Грција, посебно оние кои се предводени од страна на граѓанското општество во двете земји.

Истражувачките наоди беа презентирани од страна на

Магдалена Лембовска, Проектна координаторка, Аналитика

Јоргос Кристидис и Панајотис Пашалидис, Истражувачи во ЕЛИАМЕП

Истражувањето покажа дека во последните неколку години се појавија значајни иницијативи за воспоставување на полициска соработка меѓу двете земји, додека мигрантската криза послужи како катализатор на соработката. Во отсуство на законска рамка и практични искуства, мерките за градење на доверба ја обезбедија потребната платформа и институционална рамка за структурирани консултации и усвојување на мерки за унапредување на состојбите. Од друга страна, соработката во областа правда се уште претставува предизвик.

Како дискутант на настанот беше Љупчо Петковски, Извршен директор на Евротинк, кој даде свој коментар на наодите од надворешна гледна точка и расправаше за иднината на Преспанскиот договор. 

На настанот присуствуваа претставници на државни институции, граѓански организации, меѓународната заедница и медиумите.

Оваа активност е дел од проектот “Мерки за градење на доверба, поглед од граѓанското општетство” поддржано од Шведското Министерство за надворешни работи.

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови