Работилница за економијата на тутунот за Централна и Источна Европа

Претставниците од Аналитика Тамара М.Спасова и Бојана Мијовиќ Христовска учествуваа на работилницата за економија на тутунот поврзана со истражувачкиот проект “Забрзување на напредокот на ефективните политики за даноци за тутун во земјите со низок и среден приход“.

Работилницата се одржа во Полска, Варшава, 8-10 мај 2018 година, а главната цел беше да се обезбеди поддршка во развојот на регионална истражувачка мрежа за изградба на капацитети и солидни економски анализи. Учесниците беа економисти и експерти за контрола на тутунот и се разговараше за актуелните економски истражувачки активности во земјите со низок и среден приход и приоритети за идните истражувања и обуки.

Ден 1 вклучуваше презентации од студиите на случај во земјите, искуства од претходни истражувачки активности и како истражувањата можат да се имплементираат и преточат во пракса и политика. Посочено беше, како посебна забелешка, недостатокот на податоци во регионот и беа дадени препораки за надминување на истото.
Ден 2 се фокусираше на презентација и дискусија за работата во тек и идентификување на потребите за истражување и идните чекори.

Ден 3 вклучуваше презентации во врска со методите за проценка на еластичноста на цената и побарувачката на тутун и неговата примена.

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови