Промоција на извештај за политика: Работа кон градење отпорни заедници

8 февруари 2017, Буши Ресорт и Спа – Скопје, Стара чаршија

10:00 – 12:30

Изјава за медиуми

Аналитика Тинк Тенк денеска организира промоција на следната публикација со назив “Работа кон градење отпорни заедници„, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Овој извештај се фокусира на специфичните фактори и двигателите на насилниот екстремизам во Македонија со цел да се разгледаат корените на ова прашање преку испитување на динамиката на неговиот развој и манифестација, со надеж дека ќе придонесе кон градење на поотпорни заедници.

Во својот воведен говор, Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Ваутер Пломп рече дека резултати во превенирање и спротиставување на насилниот екстремизам може да се постигне само со сеопфатен пристап каде што државните актери работат напрегнато со не-државните актери како што се НВО и верските заедници, и со размена на информации. “Се надевам дека ова ќе рефлектира и во Стратегијата за спротиставување на насилен екстремизам, на владата на Македонија, која што наскоро ќе се усвои„ додаде Пломп.

Во своите презентации на овој настан, авторите на извештајот Самет Шабани и Амир Кадри ги објавија наодите од 13 месечното истражување во одредени населби. Истражувањето е составен од интервјуа со чинители на општеството како што се средношколни наставници, верски проповедници, академци и преставници на НВО активни во заедница. Освен интервјута, истражувањето опфаќа и наблудувања од фокус групи на модерирани дебати со млади. Друга компонента на ова истражување беше анкетата мислење на граѓаните за насилен екстремизам. Трудот истотака детектира екстремизам во социјалните мрежи со локална содржина. На крај, извештајот адресира препораки за чинителите на општеството за да придонесат во поткачување на отпорноста на заедницата кон оваа појава.

Тешко е да се дефинираат потурнувачките и потегнувачките фактори на појавата на насилниот екстремизам, но сепак факторите што најчесто се споменуваат се: погрешните идеолошки убедувања, погрешното толкување на верата, слабиот семејствен третман, слабата коминикација помеѓу педагошката тројка наставник-ученик-родител, чуството на лош третман од институциите, невработеноста, слабата економска состојба, обстаток на понуда на перспектива кај младите, ранливоста на лицата со тешка психолошка состојба и неколку други фактори што може да бидат индикатори за лицата што подржуваат вакви мислења.

Во текот на неговата презентација, Самет Шабани истакна дека врз основа на оваа истражување, ќе се има појасна слика каде институциите да се фокусираат за превенција на насилниот екстремизам

Една од областите на кое треба да се инвестира е подигнување на капацитетите на комуникација меѓу наставниците, учениците и родителите. Младите треба да се ангажираат на повише активности во училиштето и вон неа. Исто така и верските заедници во Македонија треба да играат посебна улога во превенција на насилниот екстремизам, ангажираќи се во организација на заеднички настани каде ќе се промовира соживотот во хармонија со диверситет и меѓу религиски диалог. – изјави Самет Шабани

Амир Kадри исто така ги презентираше резултатите од анкетата реализирано со граѓаните врз стабилноста на општеството врз феноменот на насилен екстремизам. Според резултатите, Кадри истакна дека постои стабилност врз овој феномен, но ова треба да се структуира на начинот на подигање на довербата врз јавните институции.

“Важно е да се истакне дека во оваа анкета граѓаните прават јасна поделба меѓу екстистички групи и религијата. Ова се разјаснува од фактот дека 62% од граѓаните не го сметат екстремистичката група ИСИС за религиозна група. Друг интересн факт врз база на анкетите е дека 29% од анкетираните мислат дека онлајн пропагандата влиае за грагѓаните да ги подржат екстремистичките идеи, a 27% мислат дека неформалните говори на религиските проповедници влијаат за поттик на младите да рекрутираат војници во странски војни со вклучување на екстремистички групи.

Во анкетата исто така е видливо дека граѓаните покаѓуваат отпорност врз овој феномен. На прашањето како тие би реагирале ако некој од нивните блиски покажува интерес да се вклучува на ИСИС во војнита на Ирак и Сирија, 63% од гражаните одговорија дека би се обиделе да им го сменат мислењето. Исто така 8/5 одговорија дека би ги приавиле во релевантните инститции. Ова покажува дека довербата врз државните институции е многу мала,, - изјави Амир Кадри.

На крајот Ивица Никодиновски од Комитетот за превенција на насилниот екстремизам и борба против тероризам, сподели впечатоците од работилницата врз онлајн екстремизмот, активност која беше организирана врз база на проектот. Никодиновски исто така ја потенцираше важноста на ангажманот на општеството за спротиставување на насилниот екстремизам онлајн врз релевантни извештаи, и во целина врз соработката на институциите и граѓаните за поголема отпорност за феноменот на екстремизмот.

На овој настан беа присутни представници од владата на РМ, амбасади, невладини организаци, верски проповедници и академија.

Извештајот во целина може да го најдете на вебстраната на Analitika Think Tank.

e-max.it: your social media marketing partner

Следете не

FacebookFlickrTwitterYoutube

Најнови твитови